УПРАВУВАЊЕ СО МОЈОТ ПРОФИЛ
Детално објаснуваме како можете да ја промените лозинката, да ги менувате вашите лични податоци или да управувате со поставките на вашата сметка. На тој начин, секогаш можете да ги ажурирате вашите податоци и да го добивате нашиот Newsletter со сите новости.
КАКО ДА ЈА ПРОМЕНИТЕ ИЛИ ВРАТИТЕ ЛОЗИНКАТА
Ви нудиме опција да ја промените лозинката поврзана со вашата сметка на Zara. За да ја ажурирате, само треба да пристапите до делот Промени лозинка.
Доколку сакате да ја вратите лозинката, при најава, изберете ја опцијата Ја заборавивте лозинката? Откако ќе нѝ ја доставите вашата е-пошта, ќе ви испратиме е-порака за да можете да ја ресетирате.
КАКО ДА ГИ ПРОМЕНИТЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Можете да пристапите и да ги менувате вашите лични податоци, вашата е-пошта и податоците за плаќање што сте ги зачувале од вашиот Профил.
КАКО ДА ГИ ПРИСПОСОБОИТЕ ВАШИТЕ ПРЕТПОЧИТАЊА
Ова се дејствата што можете да ги преземете од делот Поставки на вашата сметка на Zara:
- Конфигурирајте го Билтенот: можете да ги изберете деловите или колекциите што најмногу ве интересираат и на тој начин секогаш ќе бидете во тек. На Zara.com ќе добивате неделни информации за новите колекции, нашите промоции и други новости.
- Поставете ги вашите параметри за приватност.