TRAVEL MODE

Со функцијата Travel Mode што ќе ја најдете во нашата апликација, може да пристапите до различни опции кои ќе го подобрат искуството на вашето патување во Италија, Обединетото Кралство, Јапонија или Турција.
ШТО Е TRAVEL MODE И КАКО ГО АКТИВИРАТЕ
Со Travel Mode може да купувате артикли и да ги добивате на вашата дестинација, а на некои пазари може да откривате новости за градот кој ќе го посетите или да споделувате спомени од вашето патување:
- THE NEW. Откријте ги сите наши нови производи и купете ги ариклите на пазарот/регионот што го посетувате.
- TIPS. Најдете препораки од различни експерти за ресторани, музеи и други локални активности во два града кои сме ги избрале од пазарот/регионот што го посетувате.
- MEMORIES. Испратете разгледница од вашата дестинација до кого сакате.
За да уживате во Travel Mode активирајте ја опцијата за геолокација во нашата апликација. Кога пристапувате, изберете дали сакате да го активирате режимот за пазарот/регионот што го посетувате (Италија, Обединетото Кралство или Јапонија) или ако претпочитате да останете во сопствениот.
УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ
- Со Travel Mode може да ги прегледувате и купувате само артиклите достапни на пазарот/регионот во кој се наоѓате.
- Цените на артиклите се прилагодуваат на локалната валута.
- Достапните начини на плаќање се засноваат на локалните опции.
- Нарачките остварени во Travel Mode ќе се појават во нов таб во рамките на вашата сметка на Zara. Кога ќе се вратите на вашиот пазар/регион, овие нарачки ќе бидат вклучени во делот Купувања - Онлајн на вашата сметка и ќе бидат обележани за да може да ги идентификувате.
ИСПОРАКИ
- Начини и трошоци за испорака: во моментот на поставување на нарачката ќе ви ги покажеме достапните начини на испорака и нивната цена.
- Рок за испорака: имајте предвид дека тие ќе бидат вообичаените на пазарот/регионот во кој се наоѓате.
- Адреса за испорака: за време на процесот на купување, може брзо да го лоцирате вашето сместување благодарение на системот за автоматско завршување.
ВРАЌАЊА
- Период на враќање: Имате 30 дена од датумот на испорака да го извршите враќање.
- Методи на враќање: имајте предвид дека тие ќе бидат вообичаените на пазарот/регионот во кој се наоѓате. Во случај на Обединетото Кралство, ние исто така нудиме услуги за преземање од хотели.